Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Мкаедонија денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е Одбележување на 10-годишнина од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог-закон за нотаријатот, во второ читање.

На Комисијата за образование наука и спорт треба да продолжи расправата по Предлог - законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, а на дневен ред е и Предлог – законот за изменување на Законот за високото образование, двата во второ читање.

 
 
04.03.2016 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега