Чудни детски навики, кои се сосема нормални

Енергично тресење на главата, соблекување во јавност и лажно кашлање? Дали тоа е нормално?

Непрестајни барања, солзи и бес, тантруми во јавност – сите сме се запознале и со страшната страна на карактерот на детето. Постојат многу навики и однесувања на децата кои се во најмала рака чудни и за кои ќе се запрашаме дали се нормални.

Почнувајќи од енергичното тресење на главата, лажно кашлање, соблекување во јавност, гризење на раката на мама и тато, овие чудни навики може да изгледаат како причина за грижа, но тие се совршено нормални.

Иако знаат да бидат прилично вознемирувачки, тоа се краткотрајни фази кои вашето малечко наскоро ќе ги надмине.

 Тресење на главата

Ако вашето дете ја треси и врти главата додека оди, не се вознемирувајте. Зошто го прават тоа? Бидејќи им се може? Бидејќи им се допаѓа тоа лесно, смешно и ладно чувство на главата? Никој не знае сигурно, но она што се знае е дека е мошне честа појава која не треба да предизвикува загриженост.

 Тестирање на границите

Бебињата се прилично добри во идентификување на причините и последиците. Ако го притиснат копчето на играчката – играчката свири. Ако притиснат копче на далечинското, телевизорот се пали. Ако се приближат до штекерот – мама трча како луда. Откако бебето ќе дознае дека одредени однесувања предизвикуваат специфична реакција, тоа ќе ги користи за сопствена забава. Не грижете се, ќе и се здосади.

 Лажно кашлање

Првиот пат кога ќе го фатите вашето малечко да прави лажна, театарска кашлица, најверојатно ќе се изнасмеете. Но колку и да е смешно, тоа е прилично умно. Уште од пет месечна возраст бебињата ќе се накашлуваат кога ќе им биде потребно внимание. Умни мали бебенца.

 Гризење

Овие малечки запчиња можеби изгледаат безопасно, но кога ќе потонат во вашата кожа нема да мислите така. Овој чин може да ви изгледа агресивен, но тоа е начин на бебињата да ја покажат својата лутина или фрустрации, пред да бидат во можност да разговараат со вас. Тоа исто така може да биде навика која ја копирале од некое друго дете од градинка. Не лутете се.

Предизвикување на повраќање

Дали експериментира со причините и последиците, или едноставно се обидува да добиие внимание, ставањето на прсти длабоко во устата, е карактеристично однесување за сите деца. Исто како и со лажното кашлање, колку побрзо ќе сфати дека не му обрнувате внимание, толку побрзо ќе се откаже.

Ноќно будење

Вашето бебе само што започна да ја преспива цела ноќ, започнаа сесиите на ноќно будење и неутешно плачење. Почнувајќи од чудовиштата под креветот, па се до сознанието дека животот во домот продолжува и откако тоа ќе заспие, постојат многу причини за ноќното будење. Но тоа се само развојни фази, кои ќе поминат.

Ненадејна аверзија кон нешто

Вашето малечко отсекогаш сакало да се бања. Потоа еден ден, без некоја очигледна причина, тоа одеднаш мрази да се бања и се плаши од водата. Исто така тоа може да се случи и со неговата омилена храна или играчка. Овие ненадејни аверзии и фобии може да се случат заради повеќе причини, како што се лизгање во бањата или лошо зготвена храна. За да се премине преку овие аверзии ќе треба трпение и поддршка.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија, Рингераја.мк

 
 
03.03.2016 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега