Кузмановска: СДСМ е против развивање на армијата согласно стандардите на НАТО

На денешната собраниска расправа пратениците се соочија со Законот за одбрана кој што треба да овозможи набавка на нова воена одбрана и други поволности на припадниците на Армијата.  Пратеничката на ВМРО - ДПМНЕ Лилјана Кузмановска изјави дека СДСМ се против равивање на армијата по НАТО стандарди.

-Имено, без донесување на некој заклучок , меѓутоа толку многу се мачевте а самиот не бевте убеден дека всушност ова законско решение треба да го критикувате. Значи баравте на секаков можен начин да се искупите пред македонската јавност зошто ќе гласате денес против. Многу пати кажавте, ние немаме ништо против ама ставете го на наредна седница. Ниту еден аргумент не видов, зошто ќе гласате против, а не прашувате нас зошто ќе гласаме за овој закон, реплицираше пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Даскаловски од СДСМ за ЗАконот за одбрана кој што треба да овозможи набавка на нова воена опрема за потребите на АРМ.

Кузмановска нагласи дека со овој закон треба да се ослободи од ДДВ и царина новата воена опрема која што ќе придонесе за следење на чекорите за модернизација со останатите армии од регионот.

-Се работи за македонската армија и не мислам тука ни да се надвикувам, ни да се карам, ни да мудрувам, нема потреба. Ние сме пратеници и во оваа дебата ќе ги кажеме сите наѓи аргументи или контрааргументи. Со издвоените парични средства од 92 милиони евра се, со целокупната работа на експертски тимови од 100 лица од август 2014 година до денес е изработен план во кои сегменти е потребно да се набави и да се модернизира македонската армија за да се развива согласно стандардите на НАТО, меѓутоа во чекор со трендовите модернизирање на армиите во регионот. Во ововј контекст се нови овој закон во кој ние како Собрание согласно нашите ингеренцииќе гласаме за ослободување од ДДВ и царина за набавка на нова воена опрема, рече Кузмановска.

 
 
02.03.2016 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега