Москва под најголем снег во март во изминатите 50 години

Москва денеска е на удар од најинтензивни снежни врнежи во овој период од годината во изминатите 50 години, што предизвика огромен сообраќаен метеж и колони автомобили чија вкупна должина беше над 3.400 километри, колку што има од рускиот главен град до Рим.

– Вкупната должина на колоните возила заглавени во сообраќајниот метеж достигна 3.400 километри. Тоа е повеќе отколку растојанието меѓу Москва и Рим. Причина  е обилниот снег кој паѓаше цела ноќ, соопшти прес-службата на Јандекс, интернет компанија што следи ситуација во сообраќајот.

Градоначалникот на Москва Александар Коновалов изјави дека ќе бидат потребни неколку денови за да се расчистат ефектите од рекордните снежни врнежи, што создадоа снежна покривка поголема од 20 сантиметри.

Според подаотци на Рускиот хидрометеоролошки центар во Москва изминатата ноќ паднале 24 милиметри снег на мерната станица на северозапад во Москва, што е нешто повеќе од 70 отсто од вкупната количина снег што обично паѓа во градот во текот на еден месец во зимскиот период.

Досега рекордната дневна количина на снежни врнежи за 2 март била регистрирана во 1966 година и изнесувала 22,2 милиметри, наведуваат руски медиуми.

 

 
 
02.03.2016 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега