Годинава 5.500 пензионери на бања на товар на државата

 

Проектот за бањско климатска  рекреација оваа година треба да опфати 5.500 пензионери,  според одлуката на Владата донесена уште минатата година. Првата група пензионери веќе од утре тргнува на бањско климатска рекреација. Досега околу 32.600 пензионери ја искористија оваа можност за бањско климатска рекреација на трошок на државата, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој имаше средби со жители на општина Карпош.

Со овој проект пензионерите добиваат шест полни пансиони односно опфаќа три оброци во денот, банска терапија и друго. Банско климатската рекреација се одвива под надзор на лекар и прегледи за оние за коишто е потребно.

- Во неколку наврати имав можност да ги посетам и да разговарам со нив, да видам како се одвиваат работите. Тие  искажаа висок степен на задоволство и токму затоа Владата го продолжи проектот и за оваа година, рече Груевски.

- Се работи за еден многу значаен проект за пензионерите особено за оние коишто немаат доволно средства да ги покријат трошоците за одење на бања и одлично е што тој продолжи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Тој потенцира дека овој проект е исто така добар и за сопствениците на бањите.

- Кај нив доста се раздвижија работите во однос на нивната работа, се зголеми бројот на вработени во овие институции. Така што од тој аспект не само што е добро за сите пензионери, туку и за вршителите за овој вид на дејност, рече Груевски. 

 
 
02.03.2016 - 15:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега