"Без нас не одиш никаде ќерко" - родителите на прегазеното дете велат дека ќе се самоубијат
Таткото и мајката на малата Нада која беше прегазена од несовесен возач и усмртена на пешачки, се неутешни. Двајцата под лекови не можат да се помират со смртта на своето чедо, а нивните роднини стравуваат дека тие ќе си го одземат животот.
Драгана И Родољуб под седативи постојано извикуваат: - Не одиш ти никаде без нас, не одиш никаде без нас...
Таткото првата вечер не можел да се совземе, па морале да го носат во болница. Мајката од лековите веќе и не препознава никој околу себе.
И другарчињата на малата Нада се простија од неа со солзи и болка.
Инаку, малото ангелче во саботата на пешачки го прегази возач со голема брзина, кој по несреќата продолжи да вози како ништо да не се случило. Ова е голема трагедија која го потресе регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа