Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 17 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.

 

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од 3-4 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. 

 
 
28.02.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега