Груевски го посети Тодор Петров кој денеска беше физички нападнат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва го посети првиот човек на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Петров, кој денеска, беше нападнат по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопски Бутел, со Груевски разговарал за неговата здравствена состојба и за она што денеска се случило во ресторанот, кога влегле непознати лица и го претепале, пренесе Република.

Петров денеска, околу 12 часот и 30 минути, физички бил нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на пет-шест лица. Од МВР излегоа со соопштение дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица.

 

 
 
27.02.2016 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега