Татко на две девојчиња си го отсекол пенисот зошто немал син

Кинез на возраст од 36 години, татко на две ќерки си отсекол дел од својот пенис за да се казни што нема син. На овој бизарен потег се одлучил по пијанство, а членовите на семејство брзо го пренеле во болница заедно со отсечениот дел долг околу 3 см., кој го ставиле во кеса со лед.

Во Кина машките повеќе се почитуваат од девојчињата, кои наводно претставуваат само трошок и често родителите ги напуштаат непосредно по раѓањето. Момчињата пак се сметаат за наследници на семејниот имот и оние се тие кои остануваат да се грижат за родителите.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, полудениот татко на две ќерки е од село недалеку од Куангцо. Него локалните жители често го исмевале поради тоа што има ќерки, и тој не можел да го поднесе тоа. Неговите девојчиња имаат 3 и 13 години.

-Пациентот ни се дереше да не му го шиеме отсечениот дел од пенисот, рече лекарот Ханг Зихонг.

На пациентот машкоста сепак му е сошиена по операција која траела повеќе од 4 часа. Се очеквуа да се опорави за шесто до 12 месеци.

 
 
26.02.2016 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега