Збеснала дека возачот немал да и врати кусур, па се фатила за воланот

Дека патниците сакаат да претеруваат околу плаќањето карта во јавниот превоз изгледа е вообичаено во многу држави низ светот. Во Шангај е забележан еден необичен случај, за среќа никој не е повреден во овој инцидент. 

Една стара жена влегла во автобус. Меѓутоа, кога сакала да купи карта од шоферот, тој ја опомена дека нема за да и врати кусур бидејќи нема ситно. Откако тоа не и се допаднало жената го грабнала воланот. 

Автобусот едно време се движел  лево - десно по улицата, додека на крајот не удри во зградата покрај патот.  За среќа во оваа сообраќајка никој не е повреден. 

 

 
 
26.02.2016 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега