Алфите го фатија: Млад скопјанец ќе одговара пред полицијата
22-годишно момче од Скопје си заработи кривична бидејќи неговиот автомобил бил полн со дрога. Се работи за Е.Ш. кој од специјалната единица Алфа околу 09 часот и 30 минути, во селото Визбегово бил сопрено со „Форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенцијата СГС, каде имало две кесички со непозната растителна материја и една зипер кесичка со непозната прашкаста материја. Се покажало дека се работи за амфетамин и марихауана кои му припаѓале на скопјанецот.
Инаку против Е.Ш. во 2009 година била поднесена една кривична пријава за извршено кривично дело „тешка кражба“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа