Какви сте во кревет според хороскопскиот знак?

Секој хороскопски знак сака нешто специфично во кревет. Ако сакате некого да привлечете и да ги одвлечете во кревет, а притоа да го задржите за себе, еве што треба да направите за да успеете во тоа.

ОВЕН
Иако важат за добри љубовници, сексот го сфаќаат како натпревар во кој освен уживање, гледаат прилика за симнување на вишокот килограми. Сакаат да провоцираат, а кавгите им стануваат предигра, која завршува со секс. Најважно им е во кревет да не заборават дека за сексот е важно и задоволството. Ако сакате да го освоите масирајте му ги слепоочниците или бакнувајте му ги ушите, бидејќи тоа им е најчувствителна зона, а ако тоа не вроди со плод секогаш ќе може да се искарате.

БИК
И покрај тоа што Вагата се смета за најсензибилен хороскопски знак, всушност Биковите се тие кои во сексот уживаат со сите сетила. Ним освен среќниот крај подеднакво им е важно само водењето љубов, а ако сакате да го освоите, подгответе му вкусна вечера. Не играјте и не глумете со нив, бидејќи ним им е важно убаво да мирисате и да не се плашите во сексуалните игри, вклучувајќи ја и храната. Едноставно ќе уживате ако јагодите со шлаг му ги послужите на стомак.

БЛИЗНАЦИ
Припадниците на овој знак не знаат да бидат скромни. Не им е проблем да имаат повеќе партнери, но нивното срце, а со самото тоа и место во креветот заслужува некој кој им е рамноправен на интелектуално ниво. Во случај партнерот да им стане здодевен, без никакво каење и двоумење преминуваат на друг. Во врската најмногу ги мачи привлечноста, ги привлекува само еден партнер додека во светот постојат толку згодни луѓе. Ако сакате да ги освоите треба подеднакво добро да се информирате и постојано да зборувате, па дури и во текот на сексот. Тоа уште повеќе ќе ги возбуди.

РАК
Најискрен и најчувствителен знак во зодијакот, не признава секс без емоции. Најважно му е чувството дека некому е потребен, но и сигурноста која му ја дава партнерот. Најдобра предигра за него е мазење, а единствена цел му е да пронајде сродна душа. Не сака безначајни врски и секс за една ноќ, бидејќи не чувствува поврзаност, но на крај се чувствува “исцедено#. Меѓутоа, ако е во среќна врска, 24 часа на ден ќе сака да ги помине во кревет, а водењето љубов со партнерот кој го сака ќе му биде како рај. Најлесно ќе го освоите ако му подготвите убава вечера, бидејќи тоа ќе го потсети на куќа, голем емотвец е, а најмногу од се верува во важноста на семејството.

ЛАВ
Ако на крајот од вечерта не завршат во странствен клинч, излегувањето им е како предигра. Случајните погледи на згодниот странец или комплимент, е најлесниот начин да стигнете до нивното срце, односно кревет. Ако кон нив се однесувате како кон кралеви, облекувајте се заводливо, носете многу златни детали, без мака ќе паднат на вашата привлечност. Ако сакате да го освоите, едноставно кон него однесувајте се како да е најпосебен на светот. Меѓутоа, ако случајно го занемарите, ќе ја поминете целата ноќ извинувајќи се, а на топлите игри во кревет може да заборавите.

ДЕВИЦА
Иако нивната срамежливост тоа не го открива, се вистински стручњаци кога е сексот во прашање. Единствена работа која ги кочи се проблемите и секојдневната нервоза, а на нив останува дали стресот ќе го решава во теретана или во кревет. На припадниците на овој знак во кревет најважно им е задоволството на партнерот. Може да ги освои само партнер кој строго внимава на хигиената, а најмногу ги одбива нечистите нокти. Без оглед на тоа што сте ги освоиле, припадниците на овој знак сакаат да критикуваат. Највеќе од се им одговара повлечен партнер кој не сака премногу да се истакнува.

ВАГА
Заводливи се и каде и да се појават привлекуваат внимание, додека пријателите им остануваат во сенка. Токму заради тоа им треба партнер кој ќе ги врати во стварноста, бидејќи толку внимание многу брзо ќе ги понесе. Тие се единствен знак кој може со месеци да мирува без прв да повлече потег. Мора точно да одреди дали некој им се допаѓа или не. Склони се кон претерано анализирање кое на крајот резултира со раскинување на врската. Припадниците на овој знак се големи романтичари на кои мазењето им е поважно од сексот, а ако сакате топол секс треба да внимавате на се – од атмосфера до шампанско. Иимено, тие како и се, сексот го гледаат како облик на уметност.

СКОРПИЈА
Припадниците на овој огнен знак се вистински богови на сексот, уживаат и умеат да заведуваат. Без многу напор го освојуваат партнерот кој ќе го посакаат, и покрај репутацијата на незаситни љубовници, тие всушност ја бараат вистинската љубов. Иако тоа никогаш нема да го признаат, сакаат животот да го поминат со сродна душа, а се додека не ја пронајдат ќе се забавуваат повеќе од сите хороскопски знаци заедно. Од партнерот бара потполно да се предаде, а познати се по својата љубомора, па не помислувајте флерт со некој друг. Ако “паднете# на овој знак, ќе уживате во сексот како никогаш до сега, а ако го заведете, запаметете дека сака кожа, односно провокативна облека.

СТРЕЛЕЦ
Најотворен знак кога е во прашање сексот, кој сака различни типови на партнери, а посебно се слаби на оние со егзотичен акцент. Добрата смисла за хумор за нив е совршена предигра, па нивното внимание можат да го привлечат само забавни луѓе кои не се плашат да се шегуваат на своја сметка. Ако сакате да го освоите гледајте странски филм или поминете викенд во некоја егзотична земја. Единствено што мора да запамтите е дека од оној момент кога ќе му станете здодевни, без никакви проблеми одат понатаму.

ЈАРЕЦ
Сексот го сфаќа како сериозна работа, а според него праксата го прави совршен мајстор. Овој најсериозен знак од зодијакот нема да троши енергија на било кој туку пред да се впушти во врска, па дури и во секс за една ноќ, добро ќе измери што има од тоа. Ако сакате да му се вовлечете во кревет, би требало да бидете поуспешни барем во едниот дел од животот. Докажете му дека сте најдобри, а внимание ќе му привлече дизајнерска облека или совршена насмевка која ја обожуваат.

ВОДОЛИЈА
Откачени се и познати по својот необичен вкус и фетишизам. Ги обожуваат парнерите кои се отворени, иновативни во кревет, но пред се во нив бараат пријател. Ако сакате да го освоите, размислувајте надвор од кутијата, и не треба да се плашите дека ќе испаднете чудни. Секогаш се отворени за нови идеи, посебно оние несекојдневните. Ги привлекуваат натпросечно интелигентни партнери, а во сексот сакаат да испробаат се, па составен дел од нивниот сексуален живот се жешки секси играчки.

РИБИ
Нагонот за секс е она што ги движи. Тие толку се внесуваат во врската, љубовта и романтиката што тоа им го мати разумот, поради што тешко разликуваат секс од потенцијална врска. Најлесно ќе ги заведете со танц, читање поезија или едноставно со држење за раце. Многу брзо се врзуваат, но исто така брзо си заминуваат, затоа треба постојано да ги забавувате и пазите.

 
 
25.02.2016 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега