Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести

Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.

Текстот каде жестоко се брани правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, е напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ.

Текстот е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве.

Дувњак во својот текст освен со своја констатација, ваквите тези ги покрива и со земање на изјави од експерти.

Еве дел од текстот објавен во Утрински весник во 2009-та година: 

-Ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно, тврди професорот во пензија и поранешен член на Републичкиот судски совет, Љупчо Арнаудовски. Тој смета дека доколку се донесат измените и дополнувањата на Законот за помилување, што ги предлага Министерството за правда, тие можат лесно да паднат на Уставен суд.

-Со ограничувањето на правото на помилување се губи смислата на овој институт, кој во основа е многу стар и потекнува уште од кралско време, со кој се покажува волјата, но и милоста на суверенот.Не случајно шефот на државата дава помилувања во пресрет на големи празници, како Илинден, 8 Септември, Нова година.., нагласува професорот Арнаудовски.

Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна.

Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.

 
 
25.02.2016 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега