По цели шест години: Пике ја објасни геј фотографијата со Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ во богатата кариера само една година настапуваше во еден од најдобрите клубови во историјата на фудбалот. Престојот во Барселона нема да го памети по добро, бидејќи не успеа да го покаже целиот свој раскош, но секако со каталонскиот гигант го врзуваат убави спомени.

Тој создаде големо пријателство со еден од заштитните знаци на каталонскиот клуб Жерар Пике кое трае и до денес по цели шест години.

Дури, еден од најбурните моменти таа година на Ибра му се случи токму со стоперот. Папараци ги фотографираа двајцата фудбалери во интимна ситуација на паркингот пред базата на клубот и веднаш почнаа приказна дека тие се во љубовна врска. Никој потоа не сакаше да каже за што се работи, се досега кога Пике, конечно, ја отвори душата.

– Тогаш се појави мојата автобиографија, па Ибра дојде и ми честиташе. Јас сум тактична личност, многу емотивна, а фотографот не фатил додека се држевме за раце. Не можев да верувам дека тоа се претвори во таква приказна, но, од друга страна, не можам да кажам дека реакцијата на јавноста ме изненади – рече Пике.

Приказната тој ја објаснува со фактот дека Барселона тогаш имаше голема предност пред Реал и мадридските медиуми се обидувале да го разнишаат тимот. Пике е оженет со познатата пејачка Шакира со која има две деца, а Ибрахимовиќ е во брак со швеѓанката Хелена и исто така има две деца.

 
 
25.02.2016 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега