Страшна сообраќајка: Повредени 11 лица во автобус во Битола

Во 16 часот и 10 минути на регионалниот пат Битола-Демир Хисар се случила страшна сообраќајка во која возило Мерцедес со битолска регистрација, управувано од 47-годишниот битолчанец С.А. и автобус Форд Транзит со кој управувал 47-годишиот З.Д. од Битола се судриле. 

Во незгодата возачот на автобусот се здобил со тешки телсни повреди како фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено и бил пренесен и задржан на лекување во Клиниката во Битола. Со телесни повреди се здобиле 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Ќе се врши увид.

 
 
25.02.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега