Марија и сопругот погребани: Кој ќе се грижи за трите малолетни дечиња?

Сеуште не е одлучено како и кој ќе се грижи за трите мали дечиња кои останаа без своите родители во страшна сообраќајна незгода. Анастасија, Ненад и Немања ги снајде тешка судбина која го распара срцето на целиот регион.

- Деца мои, не ме оставајте, што ќе правам сега сама, што ќе прават три сирачиња? Вака викала мајката на 30-годишниот Славиша кој заедно со сопругата Марија го загуби животот во Јагодина.

По обдукцијата, телата на двајцата загинати беа погребани, а во вечното живеалиште ги испратија стотина луѓе, роднини и пријатели.

- Каде одите сега? Зошто ме оставате?, викала несреќната мајка.

Роднините останаа немоќни и без глас пред големата трагедија, но собрале сила да кажат што ќе се случи со децата, од кои две де во болница. 

- Горка судбина ги чека, бабата едвај крпи крај со крај. Семејството на Марија беше помоќно и помагаше, а Славиша повремено работеше, велат тие.

Помош за децата понудиле браќата и сестрите на настраданите, бабата и дедото. Засега не се знае како ќе се запечати нивната судбина.

- Тешко ми е за братот и снаата, но уште потешко ми е за децата. Особено ако и ги земат на бабата која нема многу пари ќе биде трагедијата поголема, вели братот на настраданиот.

 

 
 
25.02.2016 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега