Ефектот на странските директни инвестиции врз македонската економија

Kонференција на тема „Ефектот на субвенционираните странските директни инвестиции врз македонската економија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението на млади аналитичари и истражувачи.

Целта е да се изнесат јавни размислувања и заклучоци на релевантни говорници за странските директни инвестиции, со што би се помогнало во креирање на подобри јавни политики.

Здружението на млади аналитичари и истражувачи е основано од седум статистичари чија основна дејност е изработка и спроведување на статистички и економетриски истражувања кои ќе служат како база за градење на јавни политики и информирање на истражувачката и пошироката јавност.

 
 
25.02.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега