Откриени 5 тони замрзнато месо пред 35 години- спречена голема трагедија

Пет тони месо замрзнато на почетокот на 80-тите, во меѓувреме одмрзнато, па потоа повторно замрзнато наскоро требало да оди во продажба.

Месото го пронашла полицијата во романското туристичко место Констанца, во тек на рацијата спроведена во цел на истрагата за избегнување на праќање данок, јавува Дејли Меил.

Лабараториската анализа покажала дека месото било замрзнато на почетокот на 80-тите, а и одмрзнато пред 6 години, по што повторно било замрзнато кога било продадено на сегашниот сопственик, Разван Димофтаче. Месото наредниот месец треба да биде пуштено во продажба.

-Ова месо воопшто не е прикладно за конзумација од човек. Секој кој би го купил, би бил изложен на бројни ризици, вели доктор Петру Алексе, кој го тестираше пронајдено месо, кое требало да се продава во двете најстари и најголеми маркети во градот, сместени во самиот центар на Констанца.

Лажни документи

Сопственикот на полицијата и покажал лажни документи кои покажувале дека месото е сигурно за јадење.

-Доколку ова месо стигнеше до потрошувачите во оваа состојба, тоа би било катастрофално, а лесно и можело да резултира и со смртни последици, изјави доктор Лолита Попески, портпарол на јавната здравствена служба во Констанца.

Димофтаче го истражуваат и за затајување данок.

 

 
 
24.02.2016 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега