Штипската Клиничка болница гради објект за нов агрегат

Во Клиничка болница-Штип се гради објект во кој ќе биде сместен нов агрегат, со кој сите одделенија во болницата ќе добијат стабилно електрично напојување, информира денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова.

– Изградбата на овој објект има финансиска конструкција од 1. 500.000 денари, а средствата се обезбедени од сопствениот буџет на болницата. Во моментот штипската болница располага со агрегат произведен во педесетите години, вели Папарова.

Изградбата на новиот објект за агрегатот во Клиничката болница се очекува да трае до месец март, а по сервисирањето на агрегатот, според Папарова, на него ќе бидат приклучени и операционите сали на офталмолошкото и одделението за уво, нос и грло. 

Штипската Клиничка болница со сопствени средства се модернизира и го  санира  просторот каде што е сместена и администрацијата.

 
 
24.02.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега