Уапсени двајца новинари и еден сопственик на медиум за рекет

Грчкото обвинителство покрена обвинение против група новинари кои рекетирале државни организации, кредитни институции и фирми, јавува БТА.

Уапсени се тројца обвинети, од кои еден сопственик на медиум и двајца новинари.

Според полициски извори групата новинари месечно од рекет заработувала до 500.000 евра месечно.

 

Истрагата почнала во мај минатата година откако шефица од фирма од јавниот сектор се пожалила дека била рекетирана од уапсените и оти таа и нејзиното семејство биле заплашувани дека ќе бидат ликвидирани ако не ја дадат сумата која ја барале.

 
 
24.02.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа