Продолжение на седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат продолженија на седници на комисиите за образование, наука и спорт и за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на продолжението на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје и  Предлог-закон за изменување на Законот за високото образование, во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешното продолжение ќе расправа по Предлог-закон за нотаријатот во второ читање. 

 
 
24.02.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега