Груевски: Заев собери храброст и соочи се со народот

Го слушнав пред малку Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5-ти јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот, наместо да се обиколуваш со луѓе кои аплаудираат за се и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

-Ја слушав пред малку и реториката на СДСМ во парламентот, со очаен обид да прикажат некаков триумфализам, кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас ќе им порачам:  до 5-ти јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5ти јуни ќе се срамите од самиоте себе. На 5-ти јуни ќе видете кој е победникот и кој е поразениот, и сегашната вештачка насмевка, нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка, затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ, колку и да таа беше политичка одлука  без аргументи, СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија, рече Груевски.

А на 5-ти јуни, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе видат кој победува, а кој губи.

-Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, рече Груевски.

 
 
24.02.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега