Груевски: Поместувањето на изборите е да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од оние кои не и сакаат добро на Македонија

Во овој момент постигнати се сите потребни услови за одржување на фер и демократски избори на 24-ти април 2016-та, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

Груевски рече дека тоа му е јасно на секој човек во оваа држава, како што му се јасни причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори за тоа, како што му се јасни секому причините зошто проценката на САД и ЕУ беа такви какви што беа, и како што секому му се јасни причините зошто ВМРО-ДПМНЕ одлучи да прифати мало поместување на изборниот ден.

-Одлуката за изборниот ден беше во наши раце. Но, и одговорноста која ја носиме за државата и за народот во неа. По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани,  но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред, рече Груевски.

 
 
24.02.2016 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега