Најголемите педофилски скандали - Тајна која не успеале да ја сокријат познатите

Не се сите славни личности без скандали, што покажаа и овие познати пејачи и режисери. Имаа ценети кариери, милиони фанови, премногу пари и почитување од страна на своите колеги, но не беа баш толку перфектни.

Брајан Сингер

Најпознат стана како режисер на Икс мен филмовите, Брајан два пати беше обвинет за сексуално злоставување на малолетно лице, во 1997 и 2014 кога глумецот Мајкл Еган јавно го обвини за дрогирање во доцните 90-ти, а неколку месеци подоцна, Сингер беше обвинет од анонимно лице, за злоставување заедно со продуцентот Гери Гордон.

Мајкл Џексон

Иако беше најголема ѕвезда во музиката, ни покојниот крал на попот не можеше да побегне од обвинувањата за злоставување на деца и тоа два пати, во 1993 и 2005. Тој тие обвинувања ги негираше, но призна дека децата понекогаш преспивале кај него. Тоа беше една од најголемите јавни тајни во Холивуд, со оглед на тоа што на тие “преспивања“ знаеле да бидат и по неколку деца.

Роман Полански

Француско- полскиот режисер уште во 1978 бил осуден за дрогирање и силување на 13 годишно девојче, но побегна прво од САД за Франција, а потоа во Полска како не би бил вратен назад. Децении покасно пресудата сеуште важи, иако се чини дека Холивуд му простил, зошто тој и понатаму е еден од најбараните режисери, дури и освои Оскар во 2003 година за филмот Пијанист. Секако по златната статуетка не можеше да дојде, зошто веднаш би бил уапсен.

Р. Кели

Во текот на 90-тите беше еден од најпонатите РнБ пејачи, а во исто време 20 годишната Тифани Хокинс го тужеше за 10 милиони долари оштета, зошто спиел со нејзе кога таа имала 15 години, а он 24. Но тоа не е се, истата година на илегална тајна церемонија се ожени со 15 годишната Алијах, млада пејачка, а бракот по неколку месецу бил поништен. Додека пак пред 14 години се појави видео во кое Кели има однос со малолетничка.

Марвин Геј

Една од најцрните дамки во богатата кариера на овој соул пејач, е тоа дека со 15 годишната Дениз Горди, внука на својата прва жена, Ана Горди, имал дете. Секако, тоа пробале да го заташкаат кажувајќи како он и Ана го посвоиле тоа дете, а дури неколку години покасно се дозна правата вистина.

Вуди Ален

Додека познатиот режисер беше во врска со глумицата Миа Фароу, посвоиле две деца, ќерката Дилан и синот Мосес. Дилан го обвини Ален како ја злоставувал, после што Фароу и тој прекинале. Постариот брат тврди дека тоа не е вистина затоа што Дилан и Ален никогаш не биле сами на едно место. Освен тој инцидент Вуди Ален е контроверзен и заради тоа што ја ожени Сон Ји Преви, посвоена ќерка на Фароу, од бракот со Андре Превин.

Јосип Каталениќ

Најновиот случај на педофилија е на хрватскиот пејач Јосп Каталениќ, кој го стресе целиот регион. Фатен е два пати, а сега против него е подигнато обвинение заради поседување дури 188 гигабајти видео, детска порнографија, па и искористување деца за порнографија.

 

 
 
23.02.2016 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега