Се бараат сезонски работници - плата до 160 евра на ден

 
Хрониччен недостаток на сезонски работници кои шест дена во неделата би собирале и пакувале јаболки владее во Нов Зеланд.
 
Само поради недостатокот на работна сила, новозеландските овоштари упатиле апел до владата за да им помогне во потрага на работници низ целиот свет и така да им го олесни влегувањето во државата.
 
Имено, Нов Зеланд прима 9.500 сезонски работници, а овоштарите бараат од владата да им одобри влез во земјата со туристичка виза.
 
Оваа работа се наплатува по учинок, а можно е да се заработи и до 160 евра дневно.
 
Во Нов Зеланд според закон загарантираната минимална саатница е од 14,75 новозеландски долари.
 
Услови за вработување се добро познавање на англискиот јазик како и добра здраствена состојба.
 
 
23.02.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега