Научниците против една од најпопуларните диети: „Не само што нема да ослабете, туку е и опасна за здравјето”

Научници од Австралија ја тестирале исхраната со низок внес на јаглехидрати и високо внесување на масти врз глушец во период од осум недели, а резултатот е зголемување на телесната тежина за 15 отсто и двојно зголемување на мастите.

„Палео диетата“ може да предизвика зголемување на телесната тежина и да добивање дијабетес.

Исхраната со низок внес на јаглехидрати, а високи масти, е всушност опасна по здравјето, покрај тоа што со неа нема да ги изгубите килограмите.

Крајниот резултат високиот внес на масти не е добар, бидејќи таквите диети стануваат сè попопуларни, а не постои научен доказ дека тие се успешни“, вели професорот Соф Андрикопоулос.

„Палео диетата“ за прв пат се појавила во 2001 година од страна на докторот Лорен Кордаин и оттогаш е масовно популарна во Америка. Професорот од одсекот на здравје во Универзитетот во Колорадо, вели дека луѓето треба да го јадат она што го јаделе и пештерските луѓе – месо, овошје, зеленчук, семки, а дека треба да ја избегнуваат модерната храна – шеќерот и преработуваната храна. 

Но, една од последните студии за оваа диета која била извршена на експериментален глушец, покажала дека тој станал нетолерантен на глукоза, имал зголемено ниво на инсулин во крвта и двојно му се зголемил процентот на масти. Студијата е објавена во "Journal Nutrition and Diabetes", но резултатите се оспорувани од страна на корисниците на „Палео диетата“, меѓу кои е и готвачот Пит Еванс.

Овој пат, студијата е извршена на глушец – да, на глушец! Вие мора да си го поставите прашањето... кој ги финансира овие студии, дали овој Универзитет или професор имаат било каква врска со било кое фармацевтско или мултинационално финансирање?“, напишал познатиот готвач на Фејсбук.

Извор: Точка

 
 
22.02.2016 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа