Ќе се изврши презентација на „Купи куќа за млади“

 

Министерството за финансии и општина Охрид, во среда во големата сала при општината со почеток во 17 часот, ќе одржат јавна презентација на проектот Купи куќа за млади.

На средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви. Меѓу другото ќе стане збор и за понудата на плацеви за таа намена во Охрид, оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена  или кои ќе ги понуди во блиска иднина, информираат од општината.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество на настанот затоа што ќе имаат можност директно да поставуваат  прашања поврзани со проектот и веднаш да добијат одговори.

Проектот „Купи куќа за млади“ субвенционира кредит за изградба на куќа така што исплаќа 80 отсто од ратата осум години и 50 отсто од ратата следните три години, или субвенционира 100 отсто од учеството.

 

 
 
22.02.2016 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега