Нов балкански изум - нема да ви се верува што се крие во оваа бомбоњера

Една месна индустрија од Осиек, Хрватска, за 55-годишнината од постоењето на компанијата на пазарот пушти нов производ, Славонска бонбониера.

Оваа бонбониера не е чоколадна, туку содржи кулен, колбас, сланина, чварки и шише вино.

-Идејата се роди од потребата за деловен подарок, а сакавме нешто оригинално, различно од сè што досега се наоѓа на пазарот, вели сопственичката Ивана Равлиќ за Т­-портал.

Бонбониерите се продаваат во месарниците на компанијата, но претходно треба да се нарачаат преку интернет. Се продаваат во две варијанти, една поексклузивна (кулен, сланина, чварки и вино) и една со попристапна цена (колбас, сланина, чварки и шише вино).

 
 
22.02.2016 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега