"Срцето би го откорнал да ја вратам": Судење за возачот кој усмрти дете во Влае

Во октомври минатата година возач на камион прегази 12­ годишно девојче во скопската населба Влае. Овој настан ја потресе македонската јавност, а денеска започна судењето на Р.В. кој го призна делото и побара прошка од семејството на трагично загинатото дете. Како што пишува Република, во своето обраќање пред Судот, обвинетиот со солзи во очите побарал прошка од семејството.

-Верувајте ми чесен судија никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка,­ рекол денеска обвинетиот во судницата, каде биле присутни и родителите на прегазеното детенце. Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот, завршил возачот.

Одбраната му предложи на Судот, на Р.В. да му одреди алтернативна мерка наместо затвор имајќи ги предвид фактите дека никогаш не бил осудуван, се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот. Како олеснителна околност при носењето пресуда, одбраната наведе дека обвинетиот има нарушена здравствена состојба, односно проблеми со срцето поради што прима редовна лекарска терапија. Исто така, обвинетиот е единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психо­физичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка, пишува Република. 

За потсетување, трагичниот настан се случи на 24 октомври минатата година на улицата „Адолф Циборовски“, помеѓу населбите Хром и Влае. Возачот прегази 12 годишно девојче, поради што сега му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.

 
 
22.02.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега