Е баш е дива... Карлеуша наврди момче поради физичкиот изглед

Иако до сега воглавно се случило жирито меѓусебе да се препукува со остир провокации, овој пат се случи пејачката Јелена Карлеуша да навреи неколку кандидати на сметка на физичкиот изглед, но некои ги навреди поради стајлингот. 

Во 20. емисија по ред првиот учесник беше Јамсмин од Брчкој, кој има само 21 година, Јелена му даде глас но додаде и нешто што сите ги запрепасти: „Ти мене ми личиш... дали го имаш гледано филмот „Ѕвонарот во Богородична црква“, го прашала пејачката

Кога кандидатот одговорил потврдно, Јелена му рекла: „ Е, ти мене ми личиш на тој ѕвонар, а пееш како анѓел. И тоа е една срастична разлика во тебе. Изгледаш така, а пееш вака. Миксот од тоа те прави многу посебен во ова натпреварување, рекла пејачката, а момчето само се насмеало.

Веднаш по Јасмин, Карлеуша имаше уште еден испад. На ред дојде кандидатка која по мислењата на многумина гласот ги померува сите граници - Марина Стевановиќ (28) од Белгра. Марина ја испеаала песната „ Војна и мир“ и песната на Милена Вучиќ „ Дал она зна“, а Карлеуша во текот на изведувањата викаше „ одлично“. Меѓутоа кога завесата се крена следеа критиките. 

- Ти имаш глас, срце и емоција како фатална жена и ѕвезд. А изгледаш како кафекуварка. Како тетка која почнала да работи во мала кафана. Со таков глас не можеш да изгледаш вака. Поработи на тоа, рекла Јелена

 

 

 
 
22.02.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега