Кривична за насилниците во вчерашната тепачка кај Стража

14 лица учесници во вчерашната тепачка која се случи покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Сретковскиот мост, помеѓу навивачите на Фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово и на Ракометниот клуб „Будуќност“ од Црна Гора, си заработија кривична за делото. 

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информираше дека веќе се идентификувани и кривична заработиле 11 лица, навивачи од Црна Гора и 3 лица од нашата држава, навивачи на „Шкендија“ од Тетово. Четиринаесетте осомничени се приведени и во консултација и координација со јавен обвинител задржани се во СВР Тетово, по што со соодветна пријава денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

За потсетување, вчера попладне во близина на преминот Стража дојде до „блиска средба“ на две групи навивачи која прераснала во тепачка. Едно лице било прободено со остар предмет, едно со расченици на главата, а други двесетина побарале медицинска помош во гостиварската и кичевската болница. 

 
 
22.02.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега