За што најчесто се бара совет на „Ало Докторе"?

Во изминатата  недела  на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе примени се 1499 повици.

78271 повици вкупно од 15.09.2014 година  на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  главоболки, сезонски настинки, покачен крвен притисок,  симптомна болка, покачена телесна температура   и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
22.02.2016 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега