Гордон: Мигрантите мора да се пресретнуваат на море и САД мора да и помогне на Македонија

Западните сили мора се вклучат во Балканот и да помогнат во справување со мигрантската криза вели Џефри Д. Гордон, кој потенцира дека оние кои не учат од историјата се „проколнати“ да ја повторуваат.

Првата Светска војна, потсетува тој во гостувањето на „One American News Network“, беше започната на Балканот со убиството на престолонаследникот на Австро-Унгарија, Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, а Втората Светска војна беше продолжение на Правата. И двете војни тврди тој се поради невозможноста да се справува со кризите.

Она што сега треба да не загрижува, подвлекува Гордон, е  мигрантската криза.

-Повеќе од 1 милион мигранти пристигнаа во Германија само во текот на минатата година,  а “вратата“ од која доаѓаат е Балканот, бидејќи доаѓаат од Турција во Грција. Грчата политика, а тоа автоматски е политика на Европската Унија е да ги префрли од островите до Атина, што јас лично сметам дека е погрешно. Тие треба од грчките острови да се враќаат назад во Турција без разлика кои и да се. Но Македонија е клучот. Причината е поради тоа што сите мигранти од Грција, одат кон Македонија, која има само 2 милиони население и не е членка на ЕУ или НАТО. Само минатата година околу 700.000 поминале низ Македонија, до Србија, Унгарија. Унгарија на пример постави заштитна ограда, што е добро и мигрантите најдоа други начини за да дојдат до Германија, вели Гордон.

Во својата колумна тој го повикува и НАТО за да и помогне на Македонија да изгради жичена ограда, за кога мигрантите ќе пристигнат во Грција да знаат дека не можат да одат подалеку.

-Ние мораме да и помогнеме на Македонија да ја обезбеди нејзината граница, да изгради ограда за да не можат да поминуваат, бидејќи нов пострашен бран се очекува напролет, вели Гордон.

4 конкретни чекори, предлага тој во својата колумна, кои може (односно мора) да ги превеземе САД за да се одговори на овој проблем со кој се соочува Македонија.

-Првата работа е да се изгради оградата, мора да се спречи поминувањето на миргантите. Втора работа е што мора да бидеме сигурни дека НАТО и нашите сили малку подобро патролираат и ги контролираат меѓународните води. Трета работа е што мора да се фокусираме на изборите кои треба да се одржат во Македонија. Поранешната комунистичка партија и нивниот лидер Зоран Заев сака да ги бојкотира бидејќи знае дека нема да победи. Тој се обиде да бојкотира и да му се заканува на премиерот со аудио ленти од приватни разговори на премиерот кои ги објави во јавноста. Тоа е нешто со кое би било гордо само КГБ. Ние не смееме да го дозволиме тоа, мора да има избори и не смее владата да колабира во април. Ние мора да се погрижиме дека сите партии во Македонија ќе учествуваат во изборите како што се договорија лани. И секако НАТО мора да испрати сили во Македонија не само за да ја заштити границата, туку и да превенира трговија со луѓе или дрога, вели Гордон.

Што се однесува до меѓународните води, во моментов Германија ги држи „под око“ грчките острови, но тоа не е доволно и не ги спречува миганртите.

-Европа не успеа, но и ние не успеавме да одговориме на предизвикот со мигрантите, за да ја заштитиме Грција и Италија. НАТО има 28 членки и е мизерно што не успеа да собере доволен број на бродови за да патролираат. Јас бев во Гванатанмо во 1994 година кога САД се соочуваше со миграциска криза. Причината поради која успеавме да не дозволиме мигрантите да пристигнат до Флорида е затоа што имавме огромен број на бродови кои патролираа и кои не дозволуваа мигрантите да стигнат до Флорида. Ние ги фаќавме додека беа на море и ги враќавме назад на Хаити. Мора на иста начин да постапиме и на Медитираниот. Нашите сили се дел од НАТО, мора со голем број на бродови на бреговите на Италија и Грција да ги спречат мигрантите и да бидат вратени во Турција или Либија, или од каде и да доаѓаат. На мигранитите не смее да им се дозволи да стапнат на европско тло, категоричен е Гордон.

Тој ја поздрави средбата помеѓу потпретседателот на САД Џо Бајден и тогаш премиерот Никола Груевски, тврдејќи дека тоа е вистински начин на кој треба да се работи.

-Бајден прави вистински чекор што разговарале на средбата за приемот на Македонија во НАТО, бидејќи ако Македонија е во НАТО тоа ќе биде многу добро бидејќи ќе си помогнеме меѓусебно да обезбедиме сигурност. Но, САД мора да обезбеди присуство таму, вели тој.

 

 
 
21.02.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега