Поевтинувањето на нафтата ќе доведе до голема финасиска криза

Каква може да биде следната голема финансиска криза? Пукањето на балонот на акциите во технолошкиот сектор, кој се надува во последниве две години? Тотален крах на инвестицискиот пазар надвор од границите, кое веќе го одбележа почетокот на 2016 година? Сите тие нешта би можеле да се случат. Но изгледа дека се повеќе има шанси да бидеме сведоци на национални банкроти, предизвикани од драстични опаднатите цени на нафтата и суровините.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го разгледува спасувањето на Азербејџан, кој е тешко погоден од силното поевтинување на нафтата. Венецуела е подготвена да објави банкрот - повторно - од истата причина. Еквадор изгледа ќе тргне по истиот пат. И посилни држави можат да ги следат - најмногу Русија и Саудиска Арабија. Ниедна од нив веќе подолго време не изгледа платежноспособна при овие многу ниски цени на суровините.

Наскоро може повторно да потпаднеме го глобална криза од суверените долгови. Само што овој пат извозниците на суровини ќе бидат вовлечени во вртлогот, а не земјите од периферијата на еврозоната. Исто како и при кризата во еврозоната, загубите наскоро ќе се претворат кон банкарскиот систем и потоа многу долго може да се наметне да има серија на економски програми за спас.

Клучното прашање ќе биде дали тоа може да се искористи за спроведување на реформи, затоа што нема многу смисол едноставно само да се спасуваат држави кои повеќе не можат да се потпираат на енергетскиот извоз.

Големиот пад на нафтените цени и на други суровини покрај нив веќе доминираат на пазарите од почетокот на оваа година. За поголемиот дел од светот, а уште повеќе за новоизникнатите пазари, поефтината нафта би следувало само да го засили економскиот раст. Но за извозниците за нафта тоа е катастрофа.

Првите „пукнатини“ започнуваат да се појавуваат во Азербејџан, еден од најголемите извници на нафта меѓу поранешните советски републики. Земјата веќе започна преговори со ММФ за обемна програма за спас, затоа што брзо се арчат резервите кои се натрупале со годините, кога еден барел нафта се тргуваше за 100 долари и повеќе. Досега се стопени над 60 проценти од резервите на земјата и се планира пакет на заеми од над четири милијарди долари.

Но Азербејџан не е единствената држава која ќе крахира. Венецуела, која со години се спасува од економски крах само зараади своите природни ресурси, е во уште поголема сиромаштија од вообичаено. Претседателот Николас Мадуро објави вонредна економска ситуација иако веројатно тоа и не се разликува толку од нромалниот живот за граѓаните кои веќе одамна страдаат. Ни Еквадор не изгледа во многу подобра форма.

Следната е Нигерија. Таа веќе побара заем од 3,5 милијарди долари од Светската банка и Африканската банка за развој кој треба да и помогнат при недостиг на ликвидност предизвикан од слниот пад на вредноста на извозот на нафта.

Но што е со двете навистина големи економии кои се движени од нафтата - Русија и Саудиска Арабија? Саудиските финансии никогаш не биле прочуени по својата транспарентност. Земјата има еден од најниските производствени расходи во светот, но има и големи трошоци и во пракса нема други извори на приходи.

Според официјални податоци Саудиска Арабија покажува дури и буџетски дефицит од 100 милијарди долари за минатата година и ако се има предвид дека цената на нафтата се уште паѓа, и покрај какви-таквите проходи, оваа година е малку веројатно да биде многу подобро. Тоа е еднакво на 15 проценти од БДП; што прави Грција да изгледа сосема скромна во трошењата. Саудијците имаат и избилство од активи, на кои се потпираат, но кога трошиш 15 проценти повеќе отколку што собираш во годината, брзо се горат многу од ликвидните пари.

Буџетскиот дефицит на Русија и не е толку висок. Прогнозите од министерството за финансии го оценуваат на 20 милијарди долари за годинава или околу 3 проценти од БДП: Но таквата прогноза се заснова на цена на нафтата од 40 долари за барел, нешто кое сега изглеа многу далеку назад во времето.

Економијата потпадна во рецесија - најновите податоци укажуваат дека таа опадната со годишно темпо од 3,7 проценти - рубљата е во слободен пад, а земјата брзо ги троши своите резерви. Заради военото вмешување, Владимир Путин целосно не успеа во диверзифицирањето и модернизирањето на економијата и ја остави државата на прозиводите од енергетскиот пазар (колку и да е чудно, веќе не слушаме за тоа како Путин може да изврши притисок врз Западна Европа преку контролирање на нафтоводите и гасоводите достави). Ништо добро нема да излезе од тоа.

Кои земјите ќе банкротираат и колку долго ќе ни треба да стигнеме до таму, допрва ќе видиме. НО барем едно нешто научивме од крахот во 2008 и кризата со еврото во 2011 година - кризата на суврените долгови брзо преминува во банкарска криза. Откако Грција, Португалија и Ирска банкротираа, загубите се пренесоа во банкарските системи.

Тоа пак ќе се случи ако извозниците на нафта банкротираат. Има заеми за националнте нафтени компании и градежни проекти поддржани од државата и многу скро сите тие проекти можат да се покажат како непријатни. Вистината е дека има причина заради која банките трпат удари во последниве неколку дена со пад од цели 30 проценти и клучниот банкарски индекс од почетокот на годинава, а тоа е постепеното сознание дека во крајниот банкарски сектор би можел да се исправи пред огромни загуби од поефтинувањето на нафтата.

Само минаата недела се наметна потребата Дојче банк да објави сопштение за да ги смири инвеститорите, дека е „тврда како камен“ но колку и да е чудно, тие воошпто не ги наоѓаат за смирувачки таквите соопштенија.

Ресурсите во светот, особено на ММФ и Светска банка, веќе беа исцедени од последната криза на суверените (националните) долговци. Ирска можеби и се „излечила“, но Грција и Португалија сеуште се на „интензивно“. Не се чини дека Грција наскоро може да застане на свои нозе.

Нов круг на спасувања многу ќе ја зголеми сметката. Дури и да е така, парите ќе треба да се најдат. Клучот ќе биде да се бараат реформи во замена за пари. Во 2016 ниту една земја не би требало да е зависна само од извозот на нафта - оние пак кој се во таква ситуациа и како резултат на тоа банкротираат, ќе треба да си најдат нови извори за раст. Ако не можат, за разлика од периферијата на еврозоната, веројатно ќе биде подобро да ги оставиме да банкротираат. 

 
 
21.02.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега