Котески на средба со заменик-гувернерот на Вермонт Фил Скот

 

 

Во рамки на повеќедневната посета на САД, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера во Монтпелиер, во сојузната држава на САД Вермонт, заедно со својот домаќин командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј имаа средба со заменик-гувернерот на Вермонт Фил Скот.

На средбата со заменик-гувернерот било потврдено стратегиското партнерство со Вермонт, а била истакната и можноста од проширување на соработката помеѓу Република Македонија и Вермонт и во други сфери како образованието, здравството, економијата и друго.

Посетата на началникот на ГШ на АРМ продолжува утре во Вашингтон каде ќе има средби со началникот на здружениот Генералштаб на САД генерал Мартин Демпси, со помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, со заменик помошникот на секретарот за одбрана Евелин Фаркаш, како и со директорот на Националната Гарда на САД. 

ФОТО: А1.он

најчитано сега