Костов: Избори треба да има на 24 април без разлика на извештајот

 

Лично мислам дека избори на 24 април треба да има. Договарано, предоговарано, по трет пат потврдувано, влезено во неколку законски прописи, поминато во Собрание, вели аналитичарот Сотир Костов во вчерашното гостување во телевизија 24 Вести.

-Тогаш беше многу важно да се определи датумот, поминаа неколку месеци и сега оддеднаш кога сè се помина помалку или повеќе квалитетно, се спроведоа сите одредби од тој договор од Пржино, се вади митот за избирачкиот список и дека ние имаме катастрофален избирачки список што не е точно, додава Костов.

Тој потенцира дека избори треба да има без разлика што ќе биде соопштено денес во извештајот кој треба да го презентираат амбасадорот на САД Џес Бејли и евроамабасадорот Аиво Орав.

– Јас разбрав дека Заев без разлика каква ќе биде оценката нема да ја признае. Ќе има некоја затегната ситуација. Ако држиме до принципи треба да има избори, посочи аналитичарот Костов.

 
 
20.02.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега