Жителите на Кисела Вода нема веќе да ги 'кршат' автомобилите - се санираат дупки на улиците

Комплетно се санирани ударните дупки на повеќе сервисни улици во населбите Цветан Димов, Пржино, Црниче, Драчево, 11 Октомври – бараки и Припор. Потрошени се околу 115 тони асфалт, со кои се пополнети ударни дупки на површина од околу 926 метри квадратни.

На оваа акција, како што информира општина Кисела Вода, и претходеле активности за детектирање на сите ударни дупки на сервисните улици во  надлежност на општината, а биле земени предвид и пријавите на граѓаните преку апликацијата „Види, пријави, поправи“.

Акцијата за санирање на ударните дупки продолжува во сите 14 месни и урбани заедници. На барање на општината, фирмата изведувач формирала оперативни групи кои дејствуваат во четири реони низ Кисела Вода. За овие градежни активности од општинскиот буџет се одвоени 2 милиони денари.

По завршувањето на оваа акција, ќе следат градежни активности за нивелирање на пропаднатите шахти на целата територија на општината. 

ФОТО: Скопјеинфо

најчитано сега