Граѓаните знаат кој лаже, а кој работи и на прочистување на воздухот и на проекти за подобар живот

Јавноста увидува дека Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, како и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Граѓаните сериозно знаат да препознаат кој лаже и манипулира, а кој всушност работи, како на прочистување на воздухот, така и на сите проекти кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Ова го истакна координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје Слободанка Алексовска, на денешната, 61-ва седница, на која како прва точка на дневен ред беа ставени краткорочните и долгорочните мерки и активности кои Градот ги превзема за справување со постојаното енормно загадување на амбиенталниот воздух во Скопје.

-Многу е лесно да се зборува за она што треба да се направи или што не е направено, но СДСМ заборава да каже што направиле или не направиле. Оваа Влада и градоначалникот Коце Трајановски изгради и прошири булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот, набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Покрај овие нови 300 што ги набавивме, оваа Влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје, што Владата на СДСМ ниту размислуваше, а не пак да направи проектна документација. Сите овие мерки кои ги споменувам се во интерес на прочистување, односно на намалување на загаденоста на воздухот, истакна Алексовска.

Потенцираше дека се изградени велосипедски патеки во должина од 50 километри кои веќе се во фаза на реализација, а потсети и дека се набавени електрични возила и моторцикли.

-Се формираше и комитет за здравје и животна средина, се заменија ко

slobodanka aleksovska sovet grad skopje

тлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и поголем број на училишта. Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух, а Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Се распиша и тендер за набавка на резервни делови на станиците, се изработи стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од светската здравствена организација. На градските улици се аплицира средството калциум- магнезиум- ацетат за да се намали ситната прашина ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките. Коловозите околу градилиштата редовно се мијат за да се отстрани прашината.

Во моментов, рече Алексовска, имаме 10 камиони за миење на улиците.

-Вие со градоначалникот Пенов не измивте ниту едно сокаче, а не па улица. Се вршат и засилени контроли и вонреден инспекциски надзор на емисиите на штетни гасови од инсталациите што подлежат на Б интегрираната еколошка дозвола за што е надлежен Градот Скопје. Од мерењата констатирано е дека сите инсталации се придржуваат кон пропишаните вредности на емисии, односно нема пречекорување на дозволените вредности. Се вршат засилени контроли и вонреден инспекциски надзор и на градилиштата. Во согласност со Законот за јавна чистота се изречени повеќе од 120 казни против правни и физички лица, значи се контролира ситуацијата. Градот Скопје поднесе иницијатива до Владата да се намали ДДВ-то од 18 на 5 отсто за набавка на пелети и печки на пелети. Градот интензивно работи во оформување на нови парковски зелени површини, каде се направени повеќе од 2.000 метри квадратни нови паркови во Скопје, додаде координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје.

По обвинувањата на Алексовска, дека СДСМ не превземала ништо по однос на ова прашање во минатото, координаторот на советничката група на опозицијата Дамјан Манчевски, истакна дека денеска не е важно кој што правел во минатото.

-Аполутно не мислам дека е точка на дневен ред кој што правел во минатото, туку треба да зборуваме како денеска да го исчистиме воздухот и како тоа да не ни се повтори во иднина, рече Манчевски.

Алексовска со контра- реплика.

-Нормално дека говориме за мерките и јас говорев што се локалната власт има превземено. Исто така многу е важно што е сторено во минатото и што се прави денеска, бидејќи сегашноста е всушност продукт и од минатото, истакна Алексовска.

 
 
18.02.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега