Ова е епизодата на Симпсонови која ќе влезе во историјата

Епизодата на еден од најпознатите цртани филмови „Симпсонови“ која ќе се емитува во мај, ќе влезе во историја како прва епизода на еден цртан филм која ќе се прикаже во живо.

Имено, во триминутен сегмент, главниот протагонист на цртаниот, Хомер Симпсон е одговора на прашањата од обожавателите.

Ваквиот начин на прикажување на анимираната серија  ќе  го овозможи „motion capture“ технологијата. Продуцентот Ал Џин кажал дека досега ваквиот начин на продукција никогаш не бил користен во анимираните серии.

Обожавателите ќе може да му поставуваат прашања на Хомер преку социјалната мрежа „Твитер“, а мораат да ги испратат една недела пред емитувањето на епизодата.

 
 
18.02.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега