ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Му ја откинал раката на тинејџер бидејќи сакал да украде патики!

Седумнаесет годишниот Закари Сем остана без една рака, а причината е крајно тривијална - обични патики! Момчето било прегазено со џип од Филип Пјер (39), кого го ограбил на улиците на Бруклин.

Имено, тие двајца преку интернет се договориле за купопродажбата на патиките.

Кога се нашле, човекот место договорените 190 долари, од момчето побарал дури 490 долари, а бидејќи момчето не се согласило на измените, се обидело да побегне со робата.

Претходно извадило пиштол и побарало од Пјер да му ги даде патиките, а караницата се случила во автомобилот.

На снимката се гледа како Сем излегува од автомобилот со кесата во раце и смирено преминува на другата страна на улицата.

Неколку секунди подоцна Пјер го заврте својот автомобил и намерно се залетува кон тинејџерот кој се обидува да побегне.

Несреќата била толку страшна што на момчето му била откината раката. Сепак, иако тешко повреден, Сем станал и почнал да бега, оставајќи ги кесата и пиштолот.

Очевидците веднаш ја повикале полицијата, а ранетиот Сем набрзо изгубил свест поради обилното крварење. Тинејџерот е веднаш префрлен во болница каде се опоравува.

Пјер е осомничен за обид за убиство и се наоѓа во притвор, додека Сем е обвинет за тешка кражба.

 

 
 
18.02.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега