Нафтата поскапува: Регулаторна со повисоки цени

Вчера барел сурова нафта на американскиот пазар се продаваше за 31,16 долари или скоро 1 долар поскапо од претходниот ден.

На берзата во Лондон од каде што и Македонија го набавува енергенсот по информацијата за замрзнување на производството цената се покачи за 47 центи на 34,97 долари за еден барел што е најголем скок во последните неколку месеци.

Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од минатата недела изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.

Во моментов, цената на суровата нафта е за скоро 3 долари повисока од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 55,30 денари.

 

Во овие околности извесно е дека во понеделник регулаторот ќе одреди нова, повисока цена. Очекувањата се поскапувањето да биде меѓу еден и три денари.

 
 
18.02.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега