Пејачот се огласи по трагедијата: "Се е минливо куме мој"

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, пејачот Амар Јашарспахиќ- Гиле е повреден во сообраќајна несреќа во која неговиот кум загина, а повредени се уште две лица кои биле со нив во автомобилот. Ваквата информација е различна од претходните објави на српските медиуми, односно Пулсонлајн, кој пишуваше дека загинале три лица, а победникот на „Гранд“ е единствениот кој ја преживеал несреќата. Српскиот Курир пишува дека смртно настрадал Д.Б. (30) од Какањ, а полесно и потешко се повредени А.Ј., В.С. и А.М.

Пејачот во моментот на кобната несреќа спиел на задното седиште.

Пејачот на својот официјален Фејсбук профил напиша дека е многу тажен поради загубата на драгиот пријател, но нема да ги откажува настапите, акко што тоа беше напишано на еден од неговите лажни профили.

 
 
18.02.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега