Кралот на народната музика оди на операција

Фолк легендата Шабан Шаулиќ ќе оди на операција на аортата на стомакот бидејќи како што вели две години има проблеми со неа, и постои опасност во секој момент таа да пукне.

- Ми направија комплетен преглед и морам да се оперирам што е можно побрзо. Докторот ми рече дека треба да се стабилизира ситуацијата, а потоа ќе легнам под нож. Ми помага и терапијата која ја пијам секој ден, добар сум, но тоа мора да се направи, изјави Шабан за српскиот Курир.

Тој додава и дека не е исплашен.

Инаку, Шабан во 2013 годинабеше итно хоспитализиран кога му беше дијагностицирано затнување на оваа аорта.

 
 
18.02.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега