ВИДЕО: Снимка од крвавиот настан во Турција

Се појави уште едно видео од крвавиот напад во Анкара. Експлозијата била предизвикана од бомба постевена во автомобил и активирана во момент кога минувало комбе што превезувало воен персонал, јави Си-Ен-Ен Турк.

Извори од турските безбедносни служби тврдат дека зад нападот стои забранетата Курдската работничка партија (ПКК).

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени. За жал, животот го загубија 28 лица.

Тоа е втор терористички напад годинава во Турција, а минатата година беа извршени два големи напада, во кои загинаа 137 луѓе.

 
 
18.02.2016 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега