Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии.

На седницата на Комисијата за здравство ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за Центар за извонредност за трансплатациона медицина и хируршки болести.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлог-измените на Законот за возила во прво читање поднесени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа Предлог-законот за скијалишта и предлог-измените на Законот за превоз во патниот сообраќај, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе дебатираат за Предлог законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој во чрво читање поднесен од група пратеници од опозицијата, додека на дневен ред на Законмодавно-правната комисија се неколку предлог законски решенија. 

 
 
18.02.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега