ВИДЕО: Втор терористички напад годинава во Турција - објавени 3 видеа од несреќата

Експлозијата била предизвикана од бомба постевена во автомобил и активирана во момент кога минувало комбе што превезувало воен персонал, јави Си-Ен-Ен Турк.

Извори од турските безбедносни служби тврдат дека зад нападот стои забранетата Курдската работничка партија (ПКК).

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АКП), Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата  и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени.

Тоа е втор терористички напад годинава во Турција, а минатата година беа извршени два големи напада, во кои загинаа 137 луѓе.

12 јануари 2016 – Единаесет германски туристи загинаа, а 16 луѓе се повредени во самоубиствен напад на бомбаш-самоубиец од Сирија во Истанбул.

10 октомври 2015 – 103 луѓе загинаа и повеќе од 500 се повредени во двоен бомбашки напад за време на мирен прокурдски протест во Анкара, најголем во историјата на Турција. Владата ја обвини Исламска држава дека е одговорна за нападот.

20 јули 2015 – 34 луѓе загинаа и над 100 се повредени во самоубситвен бомбашки напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија. Властите ја обвинија ИД дека е одговорна за нападот.

 
 
17.02.2016 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега