Терористички напад во Анкара проголта најмалку 5 жртви

Најмалку пет луѓе загинаа, а десетина се повредени во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Анкара, јавуваат локални медиуми повикувајќи се на градски и полициски претставници.

Според првични информации експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници. Дел од медиумите во Анкара јавија претходно за стотина повредени во експлозијата.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој, Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата  и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени, а на местото на нападот има голем број амбулантни возила, јави локалната НТВ.

 
 
17.02.2016 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега