Тест за патриотизам во 10 чекори

Тест за патриотизам во 10 чекори

Следниве десет прашања имаат за цел да ви помогнат да согледате до каде сте со вашиот напредок  во станувањето на вистински СДСМовец и дали се уште патите од елементи на патриотизам. Ве молиме, одговорете искрено на следниве десет прашања

1. Оној кој ја изговара следнава реченица: “ Македонија е најдобра земја во светот“, е:

А. Вмровец

Б. Сељак

В. Двете погоре наведени

2. Во услови на намалена невработеност, треба:

А. Итно да го поткопаш Буџетот на државата за да спречиш понатамошни вработувања

Б. Итно да започнеш кампања преку техничките министри за отпуштање способен кадар

В. двете погоре наведени

3. Во услови на терористички напад на државата, треба да го направиш следново:

А. Одиш на лице место и правиш селфи со кренати два прста во знак на победа

Б. Велиш дека сето тоа е во режија на Владата

В. двете погоре наведени

4. Во црква:

А. Го плукаш лепчето

Б. Го плукаш попот (или по можност владиката)

В.  Двете погоре наведени

5. Во услови на рамен данок, веднаш:

А. Купуваш десет стана и ги изнајмуваш сам/а на себе

Б. Наоѓаш на Википедија дека спротивно на рамен данок е прогресивен данок и стартуваш кампања

В. двете горенаведени

6. Најважно за медиумите е:

А. Да користат Фејсбук и Твитер постови од партиски следбеници

Б. Да бидат предводени од луѓе што кариерата ја градат преку Твитер и Фејсбук профили

В. Двете горенаведени

7. Доколку партијата се соочува со финансиски проблеми:

А. Оставаш едно евро кај Вицето

Б.  Трчаш кај Сорос

В. Двете горенаведени   

8. Доколку рејтингот на партијата падне под нивото на статистичка грешка:

А. Создаваш криза, бараш избори, бојкотираш избори

Б. Се жалиш на странците дека нема услови за избори, се до задоволително зголемување на рејтингот

В. двете горенаведени

9. Најдобар начин да го поткопаш судството во Македонија  е:

А. Преку жалење кај странците дека судството е партиско

Б.  Преку будење на разни фетиши со помош на кукли на навивање кои ги поставуваш во обвинителство

В.  Двете горенаведени

10. За сите претходни точки, клучно е:

А. Да ги искористиш инсталациите за прислушкување на сите можни државни институции

Б. Чадор однадвор

В. Двете горенаведени

Ако имате два или повеќе одговори под “В“ вие сте целосно наш производ. Преминете во следната фаза за инсталација на специјален софтвер – институцијален кадар на СДСМ.

 

Ако немате два или повеќе одговори под “В“, кај вас се уште постојат траги од патриотизам, вратете се назад во штабот и работете повеќе на социјалните мрежи, имате право на уште еден обид за шест месеци.   

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

 
 
17.02.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега