Собранискиот спикер Вељановски на средба со Пахор

Денеска собранискиот спикер Трајко Вељановски ќе оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, кој престојува во дводневна посета на Македонија.

Денеска словенечкиот претседател ќе се сретне и со претставници на словенечката заедница во земјава, бизнисмени и членови на Македонско-словенечкиот бизнис клуб заедно со неговиот домаќин, претседателот Иванов.

Исто така, предвидено е и да биде промовирано и Европското првенство во кошарка 2013 што во септември ќе се одржи во Словенија, во рамки на денешниот настан.

најчитано сега