Големиот виончелист Антонио Менезес ќе ја забавува публиката на „Охридско лето“

Денеска сцената во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид е резервирана за уште едно големо име во класичната музика, со концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес во придружба на украинката Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација.

- Во фестивалската историја се запишаа имињата на Александар Рудин, Наталија Гутман, Давид Герингас, Миша Мајски, Моника Лесковар, Ксенија Јанковиќ. Минатогодишното фестивалско издание беше затворено со настапот на изворедниот Енрико Диндо, кој зад себе остави концерт за паметење. Оттука се потешко станува да се најде челист кој што ќе остави уште поголем уметнички впечаток од неговиот претходник. Но потрагата по најдобрите, најуспешните преставува основна определба и голем предизвик и токму затоа  ми преставува голема чест што оваа година фестивалската публика ќе има можност да ужива во изведбите на еден од најбараните изведувачи на виолончело на денешницата, Антонио Менезес, рече селекторката на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска.

Антонио Менезес е роден во Бразил, во семејство на музичари. Студиите по виолончело ги започнува на 10 годишна возраст. Првата награда ја освои на АРД Интернатионал Цомпетитион во Минхен во 1977 година, а ги освои првата награда и златниот медал на натпреварот „Чајковски“ во Москва во 1982 година. Од тогаш тој има славна меѓунардна кариера.

Како посветен камерен музичар, Антонио Менезес беше член на легендарното „Беауџ Артс Трио“ помеѓу 1998 и 2008 година. Исто така, тој соработуваше со квартетот „Вермеер“ на турнеи, а имаше и рецитали со истакнати пијанисти како Менахем Преслер, Жерар Вис и Марија Жоао Пирес.

Меѓу значајните снимки се двата компакт дискови со Берлинската филхармонија и Херберт фон Карајан (Штраус: Дон Кихот и Двојното Кочерто на Брамс со Ане-Софи Мутер), и комплетниот циклус на Бетовен со Менахем Преслер. Менезес држи мастер класи по виолончело низ Европа, Америка и Јапонија, а исто така предава на Конзерваториумот во Берн.

ФОТО: Дневник

најчитано сега